Груевски и Макино најавија соработка на сите полиња
Премиерот Никола Груевски и парламентарниот заменик министер за надворешни работи на Јапонија Такао Макино на денешната средба во Владата се залиожиле за понатамошно унапредување на соработката на сите полиња од заемен интерес.
Тие позитивно ја оцениле соработката на билатерален план и на мултилатерален план во рамки на Обединетите нации и ги поздравиле односите меѓу двете земји, изразувајќи задоволство од трендот на нивното постојано унапредување кое се реализира и преку дијалог на високо ниво.
„Двете страни ја истакнаа значајноста за унапредување на економската соработка, особено на полето на инвестициите, при што премиерот Груевски ги претстави поволностите и предностите кои нашата земја ги овозможува на странските инвеститори за отворање бизнис и нови работни места во Република Македонија, соопштија од владата.
Груевски и Макино позитивно ја оцениле досегашната соработка на проектите кои се реализираат во Македонија, а во кои учествува и јапонската влада, а разговарале и за можностите за дополнителна соработка на други проекти.
„Стана збор и за соработката во областа на образованието при што беше разговарано за искористувањето на јапонските стипендии за студии на македонски студенти во Јапонија, и македонските стипендии за студии на јапонски студенти на Универзитетот „Свети Апостол Павле“, стои во соопштението од Владата на РМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа