Попоски се сретна со Даниелсон

 

 

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска оствари работна средба со Генералниот директор на Европската комисија за проширување Кристиан Даниелсон.

Во фокусот на разговорите, соопшти денеска МНР, беа реформите кои ги спроведува Македонија поврзани со ЕУ агендата и чекорите кои ќе бидат преземени во следните месеци за да се обезбеди повторен позитивен годишен извештај за напредокот од Европската комисија за 2014 година.

Министерот Попоски ги истакнал неодамнешните постигнувања по однос на усвојувањето на измените на Изборниот законик, пакетот закони во медиумската сфера, законите за реформа на јавната администрација и во правосудството. Тој потврдил дека Македонија ќе продолжи да биде посветена на реформската агенда, регионалната соработка и градењето на позитивна клима и соработка со сите соседи во прилог на напорите за отпочнување на преговорите за членство со ЕУ.

Било констатирано и дека Пристапниот дијалог на високо ниво треба да продолжи со оглед дека се докажа како корисен механизам за постигнување на висок степен на усогласеност со критериумите за членство во областа на поглавјата 23, 24 и Економските критериуми во отсуство на официјален старт на преговорите.

06.02.2014 - 16:32
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега