Уапсен уште еден Бугарин обвинет за трговија со бебиња
Уште еден Бугарин обвинет за трговија со бебиња уапсен е денеска во грчкиот град Лариса.
Апсењето е извршено откако бугарските власти побарале да се издаде меѓународна потерница по криминалецот кој бил пронајден во Лариса.
Минатата седмица откако грчката полиција спроведе голема операција за разбивање на криминална мрежа за трговија со бебиња беа уапсени петмина Бугари и двајца Грци, од кои едниот е познат адвокат.
06.02.2014 - 14:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа