ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски се занимава со манипулации бидејќи не знае да си ја врши работата
Андреј Жерновски веќе месец дена наместо да ја врши работата за која што е избран и платен од граѓаните на Општина Центар, се занимава со манипулации кои треба да му бидат алиби за неспособноста да менаџира со општината.
Функцијата градоначалник подразбира реализирање на проекти кои ќе бидат во интерес на граѓаните и нивните потреби.Тоа Жерновски ниту пред изборите, ниту сега може да го разбере, бидејќи никојпат не работел за да знае што е корисно за неговите сограѓани.
Обидите за манипулација кои ги прави Андреј Жерновски, само покажуваат дека тој воопшто незнае како функционира една едница на локалната самоуправа, па за своето незнаење сака да бара виновници секаде освен во самиот себе.
Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ.