Крива Паланка: Им заѕвонил на врата и ги застрелал - брачен пар се бори за живот
Две лица се борат за живот откако вчеравечер, разбојник се обидел да ги ограби во нивниот семеен дом, јавува Канал5. Според информациите, разбојникот им заѕвонил на врата и почнал да пука. 54 годишниот маж добил прострелна ран во градите, а жената е застрелана во стомакот. И двајцата со возило на итната медицнска помош се префрлени воУргентниот центар во Скопје каде се борат за својот живот. Нема информации какви биле мотивите за нападот.
05.02.2014 - 11:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа