Грчките земјоделци најавија блокади на патиштата

 

Грчките земјоделци најавија дека планираат да постават 30 до 40 блокади долж автопатот Атина-Солун, како и на други патишта во северна Грција. 

Земјоделците, кои протестираат против даночните мерки кои Владата ги усвои за земјоделскиот сектор, веќе поставија трактори на различни места во земјата.

Најголем дел од учесниците во протестите се земјоделци од Тесалија, област во централна Грција. 

Грчкото Министерство за финансии им наложи на стотици илјади земјоделци да се јават во даночните служби до 20 март, за да достават изештаи за своите приходи и трошоци за минатата година. Од нив исто така се бара да имаат фискални каси и да поднесуваат даночни пријави.

04.02.2014 - 09:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега