Шеф на ловиште и ловочувар од Кочани убиле срна и дива свиња
Двајца кочанчани заработија кривична пријава за незаконит лов.
Според податоците од полицијата се работи за 48-годишниот В.Ч. и 58годишниот В.М. кои убиле срна и дива свиња. В.Ч. како шеф на државно ловиште во ЈП „Македонски Шуми“ подружница Осогово со службено возило и службен ловен карабин во забрането ловиште на резерватот „Полаки“ острелал срна, додека В.М. како ловочувар во наведениот резреват во договор со В.Ч. острелал дива свиња.
03.02.2014 - 14:40
Фото:
Канал5
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа