Скопската Зоолошка ќе ја тужи „Анима мунди“ за жирафата Орка

 

Портпаролот на ЗОО Скопје, Дане Кузмановски најави дека Зоолошката градина ќе ја тужи организацијата за заштита на правата на животните „Анима мунди“, за нарушување на честа и угледот, поради, како што рече, објавување на низа шпекулации и невистини за причините за смртта на жирафата Орка

- Некои од медиумите и невладината се повикуваа на одредени информации од внатре од Зоолошката градина во два правца. Едниот правец беше дека Зоолошката е затворена за посетители. Би сакале да го демантираме тоа и да кажеме дека во ниеден момент не беше затворена зашто немаше причина. Некој го протолкувал тоа што половина час е затворена за регуларната визита на ветеринарите, па имавме граѓани што прашуваа. Вториот правец е во однос на причината за смртта, па се кажуваше дека е од  вродена срцева мана, па се до неодговорен однос на вработените, тепачка меѓу жирафите. Беа изнесени куп невистини и лаги, рече Кузмановски на денешната прес-конференција. 

03.02.2014 - 11:49
Фото: 
cooltura.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега