„Етнос": Дното на Јонско Море крие непроценливо богатство
Како што објави грчкиот весник „Етнос на дното на Јонското Море се крие непроценливо богатство.
Според весникот такви оценки пристигнале до грчкото Министерство за енергетика и животна средина, откако норвешката компанија ПГС, направи истражувања во Јонското Море и јужно од островот Крит.
Сеизмичките истражувања покажале присуство на нафтени структури на површина од 30 илјади километри по дното на Јонското Море, кои би требало да изнесуваат најмалку 600-800 барели нафта односно богатство од 80 милијарди долари.
Грчкиот печат објавува и дека грчката Влада почнува кампања за привлекување енергетски гиганти за нафтени истражувања и планира да објави тендери за давање на концесија на 10-15 блока во границите на тие наоѓалишта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа