Хорор: Загинатиот скопјанец ја носел сопругата на породување
Скопјанецот Блаже И. кој вчера загина во страотната несреќа која се случи кај Мавровка, ја носел својата 21 годишната сопруга И.С. на породување, пишува Курир.
Според информациите на порталот, 33 годишниот Блаже, поради болките кои ги имала неговата сопруга возел со пуштени четири трепкачи. Освен Блаже и сопругата, во автомобилот биле и неговата мајка и семеен пријател.
Сопругата на Блаже заработила тешки повреди и била префрлена на Клиниката за гинекологија и акушерство каде била породена и на свет донела девојче. Состојбата на сопругата во моментот и е стабилна.
Во сообраќајката учествуваа три автомобили и четворица пешаци, а повредени беа седум лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа