Претепани учесници на филмски геј-фестивал

 

 

Околу три лица се повредни oткако група од околу 20 маскирани хулигани нападнале учесници на Меѓународниот филмски геј фестивал „Мерлинка“, што се одржува во Сараево.

Инцидентот се случил во киното „Критерион“, кога маскраните лица упаднале на трибина посветена на филмовите со хомосексуална тематика.

Еден од учесниците на трибината изјави дека нападот бил уште претходно најавен на социјалната мрежа Фејсбук со повик за „линч“, поради што организаторите ја повикале полицијата да го обезбедува собирот, но таа не реагирала на повикот. 

Мониторинг мисијата на ЕУ и Амбасадата на САД остро го осудија нападот, повикувајќи ги властите да ги пронајдат и казнат напаѓачите.

Евромисиајата оцени дека Босна и Хервеговина како држава е должна да ги штити човековите права на хомосексуалците, да ја спречи нивната дискриминиција и да гарантира нивна целосна заштита, додека американската Амбасада нагласи дека во едно современо општество нема место за омраза и нетолеранција.

02.02.2014 - 14:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега