Парламентарни избори во Велика Британија на 4-ти јули
Британскиот премиер Риши Сунак денеска најави дека националните избори ќе се одржат на 4 јули. Според испитувањето на јавното мислење, се очекува владејачките конзервативци да загубат од опозициската Лабуристичка партија по 14 години на власт.
Ставајќи крај на повеќемесечните шпекулации за датумот на новите избори, Сунак објави дека свикува избори порано отколку што некои очекуваа, што, според британските медиуми, е ризична стратегија со оглед на заостанувањето на неговата партија во анкетите.
Двете партии се подготвени да влезат во изборната кампања со жестоки судири кои се очекуваат за прашањата поврзани со економијата и одбраната.
Сунак и неговата влада ја обвинуваат Лабуристичката партија дека се подготвува да ги зголеми даноците доколку дојде на власт и дека нема јасен план за Британија во се поопасниот свет – обвинувања кои опозицијата ги негира.
Лабуристите ја обвинуваат владата за 14 години лошо управување со економијата, што ги осиромаши луѓето и за недостиг на стабилност потребна за бизнисот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа