Меџити: Да бидеме реални, минатите премиери не ги однесе ДУИ во пензија
Претседателот на Демократско Движење, Изет Меџити вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека минатите премиер не ги однело ДУИ во пензија, туку гласачите.
„Бев дел од кампањата на ДУИ кога велевме дека сме однеле премиери во пензија, но да бидеме реални тоа го направија гласачите не ДУИ. Исто така мислам дека секоја промена е добра за демократијата, гласачите дадоа порака на тие што изгубија, но исто и обврска за тие кои ќе бидат новата власт“, вели Меџити.
20.05.2024 - 21:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа