Се отвори Кристијан Голубовиќ: Емотивен сум и често плачам

 

Кристијан Голубовиќ за српскиот Ало откри многу детали од својот приватен живот. Вели дека е романтична душа и дека грешел во љубовта, но сега има девојка и се надева дека тоа ќе биде убава приказна. Вели дека е и емотивен и честопати знае ида заплаче.

- Никој не би поверувал но голем емотивец сум. Вчера плачев како дете кога се разделував од своето внуче. Тој сега има 4 години, а кога бев во затвор го оставив само десет дена по раѓањето. Беше кај мене цела недела и ми се вовлече под кожа. Пријателите ми се смеат ми велат што е шмекеру што плачеш, но тоа е емотивен сум, вели Голубовиќ.

Тој открива и дека е среќно заљубен.

- Од неодамна имам девојка и се надевам тоа ќе биде убава приказна. Се женев, па разведував, правев грешки, но сега се надевам се ќе излезе добро. Сакам повторно да застанам пред матичар и да имам уште многу многу деца, вели Кристијан и додава дека е горд на синот кој и покрај неговото отсуство и смртта на мајка му успеал да стане вистински човек.

За потсетување, неодамна Голубовиќ си заработи 14 години затвор за шверц на дрога на релација Белград-Нови Пазар.

02.02.2014 - 11:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега