Попоски-Лавров: Македонско-руските односи ќе се движат само по нагорна линија

Минисерот Никола Попоски денеска со својот руски колега размени писма во контекст на одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

Како што стои во соопштението на МНР, Попоски и Сергеј Лавров денеска истакнале дека помеѓу двете земји се одвива динамичен политички дијалог во функција на континуирано унапредување на сестраната руско-македонска соработка.

- Ценам дека 31 јануари 1994 година е датум кој е трајно врежан во историјата на односите меѓу двете држави, бидејќи на тој ден, во еден исклучително сложен период низ кои минуваше нашата земја, Русија безрезервно ја поддржа независноста на Република Македонија, и тоа под нејзинотот уставно име, посочува министерот Попоски во писмото до неговиот руски колега.

Лавров од своја страна истакнува дека Русија и Македонија ги врзува сличноста на ставовите во однос на клучните прашања на глобалната, европската и регионалната агенда кои се базираат на темелните принципи на меѓународното право.

Попоски и Лавров истакнаа дека пријателските односи треба постојано да се надоградуваат.

31.01.2014 - 15:39
Фото: 
денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега