Тошковски на средба со Буршаков: Македонија и Казахстан ја зајакнуваат полициската соработка

 


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со казахстанскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Сатибалди Буршаков.

На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу нашите две земји  и можностите за унапредување на соработката на ниво на полиции и борбата против сите видови криминал.

Двете страни го разгледаа договорот за полициска соработка помеѓу владите на двете земји, чии носители ќе бидат министерствата за внатрешни работи преку чие потпишување ќе се зголеми соработката на оперативно ниво, размената на информации, едукацијата на полициски службеници, како и соработката во борбата против сите видови организиран криминал меѓу двете министерства. Со тоа дополнително ќе се овозможи подобра соработка и доближување на стандардите на Европската Унија во областа на безбедноста и меѓународната заштита.

21.05.2025 - 12:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега