Здрави заби здрав живот - дечињата од Ѓорче Петров приредија едукативна претстава

Ученици од основното училиште „Димитар Поп Георгиев - Беровски“, општина Ѓорче Петров, во соработка со Поликлиниката „Ѓорче Петров“ подготвија едукативна претстава со тема: „здрави заби, здрав живот“.

-Целта на овој проект е низ игра и песна децата од основните училишта во општината да се информираат за важноста на превентивата во одржување на хигиената на забите и навремена и редовна посета на стоматолог. Во претставата учество зедоа ученици и наставници од училиштето. До крајот на школската година овој проект Овој проект на Поликлиниката „ Ѓорче Петров“ ќе продоли и во останатите пет  основни училишта, стои во соопштението од Општината.  

најчитано сега