Министерот Димовски апелираше производителите на тутун да ја интензивираат доставата
На денешната собраниска седница министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски апелираше производителите уште утре да ја интензивираат доставата на количините тутун за што побрзо да се откупи реколтата.
Од денеска, за забрзана динамика на откупот, компаниите се задолжени идниот месец да вршат интензивен откуп, и за време на викнедите, со загарантирана минимална количина по вага, не по пункт, одговори Димовски на на пратеничко прашање.
Средбите со менаџерите и директорите на откупните компании се одржуваат редовно, на неделно ниво, понекогаш и почесто. Тој додаде дека тутунарите кооперанти на „ТК Прилеп“, не треба да бидат загрижени зашто од понеделникот комбинатот продолжи со редовниот откуп. Ги обезбеди потребните финансиски средства за што е доставена и банкарска гаранција.
Од 15 декември, кога почна редовниот откуп, преземени се 17,265 милиони килограми ориентален ситнолистен тутун што е 57,32 отсто од вкупниот род. Останува за откуп уште половина од реколтата. Просечната откупна цена е 154 денари за килограм што е 15 отсто помалку од лани, но која беше дефинирама со крајниот рок, 15 мат.
„Сокотаб“ Битола досега има преземено 52 отсто од планираните количини, „Струмица табак“ 42 отсто, „Алијанса“ Кавадарци 69 проценти, „ТК Прилеп“ 46 отсто, „Центро тобако“ 44 отсто, „Јака тобако Радовиш“ 32 процента,...
Годинава, во регионот генерално, производството е екстремно зголемено. Вкупно, со Молдавија, Албанија и Македонија, собрани се 167 милиони килограми тутун или 23 отсто повеќе од лани. - Тука е и проблемот, но и во тоа што квалитетот е повисок. Изострената конкуренција и зголемента побарувачка се фактори кои влијаат на проценката, посочи министерот.
Министерот напомена дека Македонија, има сериозен закон, мошне прецизен, со кој се регулираат тутнот и неговите преработкизатоа мора да се почитува со цел заштита и финансиска сигурност на тутунопроизводителите-кооперанти кои треба да ја добијат соодветната цена за родот во утврдениот рок по предавањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа