ФОТО: „Го видовме и беше многу лошо“ - нови информации за исчезнатиот скопјанец
75 годишниот старец Мирослав Стефановски кој исчезна во населбата Ченто, последен пат е виден пред два дена кај автобуската Три куќи Ченто. Изнемоштен, старецот кој боледува од склероза и астма нестабилно се движел по главната улица. Граѓаните кои вчера му јавија на семејството велат бил во многу критична состојба.
Семејството бара помош од жителите на населбата и од сите граѓани доколку повторно го забележат веднаш да и јават на полицијата или на контакт телефонот 076 660 917. Старецот е облечен во тегет блуза носи темни пантолони и собни папучи.
Роднините на старецот Мирослав Стефановски се загрижени за неговото здравје бидејќи веќе 4 дена не ја прима неопходната терапија. Апелираат до граѓаните да не се плашат да му се доближат бидејќи старецот не е агресивен и не може да им наштети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа