Лефков: Аврамовска Мадиќ е поставена во ЦО на СДС и понатаму да одработува за Заев и неговите луѓе
Викторија Аврамовска Мадиќ која ги осмисли измените во Кривичниот законик за амнестија на криминалците од СДС и ДУИ не може да е ново лице во СДС. Поголем доказ дека СДС е управувана од 40 те потрчковци на Зоран Заев од ставањето на Аврамовска Мадиќ во раководството на неврохирургот на Заев, Филипче во СДС нема. Аврамовска Мадиќ е таа која како заменик министер за Правда ги осмислила и ги однела во влада измемите на Кривичниот законик за укинување на повеќе делови во делот на Злоупотреба на службената положба, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Аврамовска Мадиќ тогаш во одговор на новинарско прашање кажа:
„А што ве интересира точно вас? Кој ги напиша? Еве јас ќе ви кажам дека измените се подготвија во Влада од страна на трите коалициски партнери СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците. Ние како министерство сме предлагач на законот, а ако ве интересира кој ги искуца измените – еве ќе ви кажам дактилографката од мојот кабинет по мој налог“.
Аврановска Мадиќ е горд извршител на Заев и негов потрчко.
Аврамовска Мадиќ е поставена во ЦО на СДС и понатаму да одработува за Заев и неговите луѓе.
Со потрчковците на Заев СДС не може да се помрдне од место, додава Лефков.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа