Летаат “дебели“ казни за непослушните возачи

Сообраќајната полиција регистрирала 23 прекршоци на гостиварските улици, информираат со СВР Тетово.

Девет од нив возеле без возачки дозволи, седум управувале со возила на кои им истекла регистрацијата, две лица возеле без придружник, на две возила имало заштитни фолии, еден возач возел во спротивна насока, а едно лице вршело јавен превоз без лекарско уверение.  

Полицајците изготвиле 22 патни налози и една покана. За најголемиот дел од прекршоците предвидени се глоби од 300 до 500 евра.

Од тетовската полиција најавуваат дека и во нареднов период ќе се спорведуваат вакви активности, со цел зголемување на безбедноста и дисциплината во сообраќајот.

26.01.2014 - 12:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега