Тешка кражба во „Вестерн Унион“ во Гостивар
Засега непознати сторители ограбиле деловна единица на „Вестерн Унион“ во Гостивар.
Досегашната истрага покажала дека провалниците најнапред провалиле во бутик на улицата „Борче Јовановски“, на еден од ѕидовите направиле дупка и влегле во соседниот дуќан - деловната единица на „Вестерн Унион“.
Крадците украле две илјади евра, дваесет илајди денари и два мобилни телефони. Полицијата презема мерки за откривање на сторителите.
26.01.2014 - 11:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа