МАН со остра реакција по нападите врз новинарката на Дневник
Македонската асоцијација на новинари – МАН, остро ги осудува навредите и заканите кон новинарката на „Дневник“, Катерина Нешкова кои следеа по објавување на текстот „Шилегов ги заборавил другите новинари“.
Новинарката Нешкова професионално ја извршувала работата. Текстот со наслов „Шилегов ги заборавил другите новинари што имаат фирми“ објавен во викенд изданието(25-26 јануари 2014 година) на „Дневник“ е поткрепен со факти, а не е пишуван паушално без докази. Воедно доказите наведени во текстот се јавно достапни информации.
Оттука токму оние кои се сметаат за најголеми поборници за слобода на медиуми, слобода на изразување, селективно гледаат на истите. Кога не им се во прилог фактите тие се закнуваат и навредуваат што е непрофесионално и неетички.
(Интегрален текст од писмено соопштение на Македонската асоцијација на новинари)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа