Новинарите на СДСМ - сериозни бизнисмени

 

Фрапантните податоци до кои стигна весникот „Дневник“ покажуваат дека новинарите блиски до СДСМ биле и сериозни бизнисмени. 

Бројни познати новинари кои во јавноста отворено ги бранат политиките на СДСМ, се јавуваат како сопственици, основачи или управители во повеќе фирми.

-Порталот за вести „Плусинфо“, како проектна активност на здружение за граѓани, фирмата БГ ПРЕС за издавање публикации, и порталот „Мајка и дете“ како проектна активност на здружение на граѓани во Централниот регистар се водат под едно име: на новинарот Бранко Героски, пишува весникот Дневник.

Невладината организација што го реализира „Плусинфо“ е регистрирана на иста адреса со издавачката куќа (ул. 50. дивизија бр.15-1, Скопје ). Веб-страницата на „Плусинфо“ во „Марнет“ (македонската фирма за интернет-домејни во Македонија), пак, е регистрирана на иста адреса со порталот „Либертас“, кој го води Ацо Kабранов. Kабранов фигурира и како соосновач во невладината на Героски, со уште неколкумина новинари што работат на порталот, како и сопругата на Героски, Билјана Илиќ-Героска, која главно е задолжена за маркетингот.

Според информациите на Дневник, Кабранов си има и своја фирма - Друштво за издаваштво, маркетинг и продукција „Глинка“ ДОО, со седиште на ул. Френклин Рузвелт бр.5/А лок. 6 – Скопје. Соосновач на Кабранов е Зоран Василевски (Фаци), кој е и управител на фирмата. Порталот „Либертас“, пак, работи како проект на неговата друга невладина организација со име „Либертас“, а има и трета невладина организација „Пролиберти“.

Борјан Јовановски, пак, се јавува како основач или овластено лице во неколку невладини организации и фирми. Тој има фирма за филмска продукција „Еуровижн“, чиј соосновач е новинарката Сашка Цветковска. ТВ „Нова“ – интернет-телевизијата се реализира преку „Видео веб-продукција“, каде како соосновач се јавува колешката Билјана Секуловска. Јовановски е овластено лице и во угостителската фирма „Мом-Томче Софка“. Според Дневник, тој е поврзан и со фирмата за деловен менаџмент и консултативни активности „Балкански центар - Бизнис“, а фигурира и во Институтот за европски интеграции И.Е.И Скопје, пишува Дневник.

Според Дневник, Менче Атанасова Точи, која работи за ТВ „Нова“ е поврзана со десетина фирми и со невладина организација. Дел од фирмите во кои фигурира Точи се и „Римедикал“ - друштво за трговија и услуги, „Елите Софа“, „Фешн Форс“, „Акон Пајо“, Институтот „Ходници’, а и златарницата „Смарагд“.

-Порталот „А1 он“ функционира преку фирмата „Онлајн медија“ ДООЕЛ, чиј основач и управител е Предраг Петровиќ. Мери Јордановска е поврзана со три фирми (едната на име на татко и, а другата на мајка и, и како соосновач на „Еуровижн’ со Борјан Јовановски) и две невладини организации - „Цитедела“, здружение за истражувачко новинарство, и Асоцијација за правата на животните. Драган Антоновски има Институт за мас-медиуми, едукација и комуникации фирма - „Порта ФМ“, објавува Дневник.

 

25.01.2014 - 12:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега