Стрип албумот промовиран и во Велес
Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше промовиран стрип албумот „Личната иднина или личниот футуризам преку јавните политики“. Промоцијата беше организирана од Стрип Центарот на Македонија.
Стрип албумот е отпечатен на англиски јазик, воведниот текст го напиша антропологот и уметник Иванка Апостолова. Стрип албумот е во изведба на „ПРОДУКЦИЈА“ од Скопје, а е финансиран е од Градот Скопје. Тој е создаден во соработка со 18 реномирани стриповски автори и визуелни уметници од Македонија, Италија, Романија, Словенија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина.
Стрип албумот го промовираше Димитар Михајловски од Стрип Центарот на Македонија од Велес. Тој потенцираше дека само со добра соработка и позитивна комуникација меѓу стрип авторите од Балканот и Европа, од која произлегол, овој стрип албум, може да се придонесе за вистински развој и афирмација на македонскиот стрип.
Иванка Апостолова во 2011 година го доби и престижното признание „Љупчо Филипов“ за афирмација на македонскиот стрип. Споредн неа, во овој стрип албум нема комерцијални стрип херои, туку е алтернативен стрип албум, со поинтимен и поуметнички пристап во стрипот.
- Насловот на стрип албумот преведен на македонски појаснува колку општествените околности и ситуации ќе му дозволат на стрип авторот да го реализира тоа што го наумил, потенцира Апостолова.
Таа вели дека е издаден на англиски за полесна промоција во Европа и светот. Поради, како што оцени, првичниот одличен интерес за овој стрип албум од повеќе стрип автори и промотори во повеќе земји, Апостолова планира негово претставување на повеќе европски и светски фестивали на стрип.
Стрип албумот најпрвин беше промовиран во Скопје, а на 14 февруари ќе биде претставен во Гевгелија, а на 21 февруари во Битола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа