110.000 евра казна за рудникот „Бучим“
Инспекторатите за животна средина и за труд го казнија рудникот за бакар и злато „Бучим“ со вкупно 110.000 евра.
100.000 евра е казната која ја изрече Државниот инспекторат за животна средина, бидејќи раководството на рудникот не го пријавило истекувањето на отпадни материи во Меденска и Тополничка река, што се случи на почетокот на неделава. Рудникот ќе плати уште 10.000 евра поради непочитување на Законот за работни односи за непочитување на прописите за техничка заштита на вработените.
Инспекторите и министерот за труд и социјална политика, кои вчера ненајавено го посетија „Бучим“, заклучиле дека во рудникот сепак се почитуваат законски определените нормативи и мерки за безбедност на рударите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа