Жерновски не пријавил во МВР дека сака да руши споменици

 

МВР нема добиено досега никакво барање, ниту упатено каков било допис од градоначалникот на општина Центар и не можам да претпоставам што тој ќе побара и хипотетички да одговорам на претпоставено прашање, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска одговарајќи на новинарско прашање дали од градоначалникот Андреј Жерновски има пристигнато барање во врска со најавата за отстранување на споменици.

- Можам да кажам дека со оглед на тоа што тој очигледно има политичка агенда на рушење објекти ние не би сакале да бидеме дел од неговата политичка кампања во остварување на програмата што ја промовира во чисто политички цели. Меѓутоа, како институција во делот на нашите надлежности секогаш сме на страна на заштита на интересот на граѓаните, рече Јанкулоска.

24.01.2014 - 14:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега