Дел од Карпош во понеделник без електрична енергија

 

Во понеделник дел од скопските населби ќе останат без електрична енергија.

Од 9 до 12 часот без струја ќе бидат дел од корисниците лоцирани на булеварот „Партизански одреди“, додека во период од 9 до 15 часот без струја ќе бидат потрошувачите лоцирани на улицата „Тодор Александров“ во Карпош.

Прекините се со цел реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија во овој реон.

24.01.2014 - 14:16
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега