Власи со порака: Милошевиќ и Ѓинѓиќ се минато за Србија

 

Познатиот политичар од косово и близок соработник во Владата на косовскиот премиер Хашим Тачи, Азем Власи во интервју за агенцијата „Анадолија“ истакна дека бриселскиот договор во блиска иднина ќе мора да се применува, и дека ваквите мали отпори кои што доаѓаат од Косовските Срби на северниот дел од Косово, се само продолжена рака од политиката која што ја водеше поранешниот претседател Слободан Милошевиќ. Власи дополни дека стравот преовладува и кај србските политичари, кои што стравуваат од понатамошни немири и поделби и дека самите знаат дека поттикнуваат лажни надежи кај Србите во северниот дел на Косово, кој набргу ќе биде целосно под контрола на косовоските власти. 

- Сега власта во Белград се соочува со последиците од сопствената досегашна погрешна политика. Силите кои се подготвени да предизвикаат посилни потреси и дестабилизирање на Србија по прашањето на овој договор, не се веќе толку силни. Тие ќе бидат се послаби. Важно е дека меѓу косовските Срби, па и во северниот дел, повеќето го поддржуваат договорот од Брисел, нагласи косовскиот политичар.

Не може да и се повтори Ѓинѓиќ, алудирајќи на атентатот на поранешниот српски премиер, „човекот кој силно ги афирмирал промените во оваа земја“.

- Времето на Милошевиќ и времето кога можеше да се повтори „случајот Ѓинѓиќ“ во Србија дефинитивно му припаѓаат на минатото. Може да има уште многу проблеми, но нема да има ситуации какви што имавме во времето на Милошевиќ и Ѓинѓиќ, кога беа многу силни тие конзервативни и ретроградни сили. Главен доказа за тоа е што луѓето од политичката кујна на Милошевиќ се сега на власт, но ја свртеа Србија во значително поинаков правец. Србија го губи чекорот со современите европски и светски трендови и тие тоа го разбраа, заклучи Власи.

најчитано сега