Денеска дожд викендов снег - еве какво ќе биде времето деновиве

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно, a попладне со врнежи од дожд.  Поинтензивни врнежи ќе има во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до четири, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Во текот на следните денови температурите ќе се спуштаат. Утре околу пладне ќе почне да дува северен ветер, кој на моменти ќе биде засилен и тогаш ќе има поголемо спуштање на температурата. Врнежите од дожд ќе почнуваат да преминуваат во снег и тоа прво во северните делови од земјата.

24.01.2014 - 09:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега