Првата транша од кредитот за Кипар ќе биде доволна само за првите три месеци

 

Средствата од правата транша од меѓународната финансиска помош за Кипар ќе бидат наменети за финансирање на црната дупка на островската држава, пишува денеска весникот „Филелефтерос“, коментирајќи дека средствата ќе стигнат само за три месеци.

На почетокот на неделата Еврозоната ја ослободи преку Европскиот стабилизациски механизам ЕСМ првата транша од спасувачката помош за Кипар во вредност од три милијарди евра. Програмата за спас на Кипар е во вредност од 10 милијарди евра во период од три години.

Две милијарди евра беа исплатени во понеделникот, а вториот дел од една милијарда евра ќе биде исплатена до 30 јуни.

Претставник на министерството за финансии во Никозија изјави дека парите ќе бидат наменети за покривање на неодложни потреби од јуни до август.

Предвидено е 1,4 милијарди евра да бидат искористени за отплата на долгот, со рок до крајот на јуни, а останатите 700 милиони евра ќе бидат за внатрешно кредитирање.

Околу девет милијарди евра од кредитот за Кипар ќе бидат обезбедни од ЕСМ, додека една милијарда евра ќе обезбеди ММФ.

најчитано сега