Милионска кражба во кумановска златара
Засега непознат крадец провалил во кумановска златара и однел накит вреден околу 7 милиони денари.
Според информациите од полицијата, крадецот провалил во златарата „Бисер“ ноќта помеѓу 21. и 22. јануари и успеал да украде неколку килограми разновиден накит. Сопственикот Е.С. остана без 7 милиони денари.
Полицијата трага по арамијата.
23.01.2014 - 09:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа