Канческа - Милевска работно во Гевгелија
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска работно ќе ја посети Гевгелија, каде ќе оствари средба со градоначалникот Иван Франгов.
На средбата ќе присуствуваат и директорите на Народниот музеј од Гевгелија Емил Сламков и на НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј“- Струмица Васил Георгиев.
За време на посетата, министерката Канческа-Милевска заедно со градоначалникот Франгов и со директорите Сламков и Георгиев ќе го посетат и објектот на Градската библиотека „Гоце Делчев“ каде се завршени конзерваторско-реставраторски работи на фасадата на овој значаен споменик на културата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа