Анкета: Подобрено законодавство за подобра претставеност на етничката заедница

„Погрешната партиска припадност“ е најверојатната причина што доведува до непримена на начелото на соодветна и правична застапеност во локалната и централна власт. Ова го покажува истражувањето кое денеска беше промовирано на завршната конференција на проектот „Бона Монте“ во организација на ЗЕЛС, Институтот за развој на заедниците (ИРЗ) и ЕУ Делегацијата во Македонија.

Свое обраќање имаше и шефот на Делегацијата на ЕУ Аиво Орав: - Европската Унија постојано го следи развојот на настаните кои потоа се претставуваат во нашиот извештај за напредокот на Македонија. Во последниот извештај истакнавме дека целите за соодветна и правична застапеност се постигнуваат на локално и централно ниво, но исто така забележавме дека тие не се целосно исполнети во граѓанскиот и јавниот сектор, рече Орав.

Тој додава и дека Со обезбедување и функционирање на овие тела се постигнува следен чекор на целосно правична застапеност на сите граѓани во политичкиот и општествениот живот на земјава.

Истражувањето е спроведено од 16 септември до 4 октомври 2013 година врз 1.266 испитаници.

22.01.2014 - 14:12
Фото: 
Нова Македонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега