По средбата со Ховит Бесими и Попоски на средба со Филе

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за евроинтеграции, Фатмир Бесими, денеска ќе се сретнат со комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе.

Министерот Попоски синоќа се сретна и со известувачот за Македонија од Европскиот парламент, Ричард Ховит, а денеска и со директорот на Директоратот за проширување на ЕУ, Кристијан Даниелсон, јави МИА.

- Денешните поединечни средби со директорот на Директоратот за проширување на Унијата, Кристијан Даниелсон, како и заедничката со комесарот Филе, се насочени кон можностите за продолжување на Пристапниот дијалог на високо ниво, да се договориме околу оние клучни теми кои би можеле да бидат предмет на Пристапниот дијалог и кои ќе ни послужат за побрзо членство и пократок период за преговарање со Европската унија, посочи Попоски во изјава за МИА.

Во фокусот на разговорите со британскиот европратеник била нацрт-Резолуцијата за напредокот на Македонија во 2013 година, која беше усвоена од страна на АФЕТ, како и последниот напредок во исполнување на реформите во Македонија и за активностите за унапредување на добрососедските односи.

22.01.2014 - 13:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега