Канта со 25 литри моторно масло ја запали зградата на Македонски пошти?

 

Канта со 25 литри моторно масло можно е да една од причините за страотниот пожар кој ја пеплоса зградата на Македонски пошти. Шефот на кабинетот на директорот Рафиз Алити, обвинетиот Арменд Фазлиу рече дека во неговата канцеларија имало канта со мотрно масло, бидејќи во тој период, во Пошта во тек биле тендерски постапки за набавка на лубриканти за моторни возила.
Сепак, тој тврди дека не го предизвикал пожарот. На прашање на судот, дали пушел во канцеларијата, тој рече дека го почитува законот и не пуши во затворени простории. Пеплникот кој бил во неговата канцеларија, Фалзиу рече дека бил само украс и дека го добил како подарок.
Кога избил пожарот, Фазлиу не ил во својата канцеларија, бидејќи половина час претходно, имал закажан состанок во блиските кафулиња.
Пред Судот денеска сведочеше и дирекоторот Рафиз Алити. Тој не побара оштета од обвинетиот оправдувајќи се дека штетата ќе ја покрие осигурителната компанија која исто така не бара кривично гонење на Фазлиу.

22.01.2014 - 12:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега