Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги пред пратениците

Пратениците ја продолжија расправата за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка.

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски образложувајќи ги измените и дополнувањата рече дека тие се усогласени со еснафските здруженија на новинарите и со нив се изземаат интернет порталите од системските решенија, а воедно се дефинира персоналното учество во надлежната комисија: -  Се согласивме дека интернет порталите не треба да бидат дел од оваа легислатива. Тоа значи дека електронските публикации ќе се бришат од Законот, вели тој.

Во членот 48 кој се однесува на посебните забрани во Законот за аудио-визуелни медиумски услуги, како што истакна министерот, со Предлог законот се додава нов став во кој се вели дека секое ограничување на содржините во медиумите треба да биде во согласност со праксата на Европскиот суд за човекови права.

Од своја страна, Макрадули истакна дека власта во изминатите години ги користи медиумите единствено за креирање на сопствениот свет, а на ова Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ одговори дека  неиздржлива е тезата дека слободата на новинарите е сериозно загрозена.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски даде едночасовна пауза, по која ќе продолжи расправата.

22.01.2014 - 12:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега