ОМД го поздрави усвојувањето на Резолуцијата за Македонија

 

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поздрави усвоената резолуција на Европскиот парламент.

- ОМД ја поздравува резолуцијата на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент предложена од Ричард Ховит, во која повторно се препорачува Македонија да ги започне преговорите за пристап во ЕУ. Европскиот парламент досега неколку пати им напомена на Европската комисија и Советот на ЕУ дека Македонија веќе ги исполнува Копенхашките критериуми, но во последно време се повеќе наидуваме на
дополнителни услови за почнување на преговорите. Добрососедските односи не треба да бидат еден од главните услови за започнување на преговорите со ЕУ, затоа што тие прашања можат да се решаваат паралелно со преговорите.  ОМД ја поддржува и препораката на Европскиот парламент преговорите да започнат со отворање на поглавната за правда, демократија и човекови права, затоа што тоа се реалните услови заприем во ЕУ, пишува во соопштението на Филип Алтипармаковски, директор на Обединетата македонска дијаспора за Европа.

ОМД сметаат дека резолуцијата на Европскиот парламент не повикува на воведување двојазичност во Македонија. Според Алтипармаковски, предлгот се однесува на воведување на интегрирано образование, додека од ОМД се надеваат дека македонскиот јазик ќе биде главен јазик во наставата по воведувањето на интегрираното образование.

22.01.2014 - 08:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега