Седници на три собраниски комисии
Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат Законодавно-правната комисија, Комисијата за труд и социјална политика и Комисијата за култура.
НА денешните седници на Законодавно-правната комисија и Комисијата за култура, ќе биде разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за филмска дејност, по скратена постапка.
Членовите на Комисијата за труд и социјална политика на денешната седница ќе расправаат по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за мирно решавање на работните спорови, во второ читање.
22.01.2014 - 08:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа