Од утре снег на планините

Времето во Македонија утре ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а на повисоките планини (над 1600 метри надморска визчина)  ќе има и повремен снег. Утринската температура ќе се движи меѓу три и осум, а дневната од 7 до 14 степени.

Ќе дува и слаб ветер од променлив правец.

Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

21.01.2014 - 22:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега