Дачиќ: Ако нашите браќа побараат ќе помогнеме да се реши спорот со името

Српскиот премиер Ивица Дачиќ денеска изјави дека Белград ќе помогне Македонија да го реши спорот со името, доколку тоа биде побарано. Дачиќ истакна дека Србија сака да се дојде до прифатливо решение и дека не сака да се меша, но доколку биде побарано ќе го направи тоа.

- Ние сакаме да дојде до прифатливо решение, но и самите имаме доволно свои проблеми. Не би сакале да се мешаме во тоа, но ако нашите пријатели и браќа побараат да се ангажираме, секако дека сме подготвени да ја пружиме нашата добра волја и добри услуги, изјави Дачиќ на прес-конференцијата во Брисел со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос.

Евангелос од своја страна истакна дека Скопје треба да ги исполни препораките на Европскиот совет и Копенхашките критериуми.

21.01.2014 - 13:57
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега