Двојазичноста да биде „на незадолжителна основа” - изгласана резолуцијата за Македонија
Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска со 42 гласа за четири против и честмина воздржани, гласаше за Предлог резолуцијата за Република Македонија во однос на псоелдниот прогрес-извештај на Европската комисија.
Денеска се случија само две промени во однос на последните компромисни амандмани на известувачот Ричард Ховит, при што двојазичноста во земјата што ја побара Ховит е заменета со воведено двојазично образование „на незадолжителна основа”, додека ултранационализмот останува, но се појаснува дека се однесува на секоја земја во шроширувањето, а не на Македонија, пренесе МИА.
Предлог резолуцијата на Ховит останува, а тоа е дека “ЕП го повторува своето барање до Европскиот совет да одреди датум за почеток на преговори без понатамошно одложување”. Компромисните амандмани два и три остануваат, па така во првиот, Европарламентот го повикува Грчкото претседателство со ЕУ да ја искористи позитивната динамика на нивното лидерство за да развијат нови иницијативи за надминување на ќор-сокакот во преговорите и да се дојде до решение и се охрабрува Македонија да ги консолидира реформите и обратните политики и практики што може да бидат пречка за нејзината европска иднина и решавање на тековните расправии со соседите”.
Две промени се направени во однос на параграф 16 од Предлог резолуцијата на Ховит, каде со усмен амандман е посочено дека треба да се внимава на кој било медиумски закон што ќе се донесе, а не конкретниот медиумски закон што е во собраниска процедура во Македонија.
Она што е најважно е што е променет дел во компромисниот амандман 12, каде претходно се посочуваше дека ЕП жали што поголем напредок се уште не бил постигнат во однос на интегрираното образование и се наведуваше дека „ЕП бара акција на ова прашање за да се избегне поделба и потенцијални конфликти по етничка линија меѓу децата на училишна возраст. Во исто време се истакнува важноста на промовирање инклузивно двојазично образование и двојазичност во целина, а особено во општините каде немнозинските заедници треба да се здобијат со уставно право да го користат својот јазик во јавните живот и официјални акти”. Сега, останува делот за промоција на инклузивно промовирање на двојазично образование, но продолжението на реченицата е целосно избришано и место тоа стои дека истото треба да биде “... на незадолжителна основа”.
Компромисниот амандман 11, каде меѓу другото се наведува дека „ЕП ги осудува сите видови на ултранационализамот во земја и повикува на анти-дискриминациски политики и толеранција во општеството, без оглед на верата, етникумот или јазикот”, целосно останува, со тоа што е појаснето дека ултранационализам се однесува на секоја земја од процесот на проширување, а не на Македонија.
Во соопштението до јавноста по денешното гласање, известувачот Ховит напоменува дека „тековното Грчко претседателство со ЕУ треба да се претвори во предност, а не пречка, во однос на долгогодишнио спор за името меѓу Атина и Скопје”.
- Предлог резолуцијата за која Европарламентот ќе дискутира на пленарна седница на 5 февруари во Стразбур, а ќе гласа ден потоа, исто така повикува Грција да го искористи раководењето со Унијата да се надмине сегашниот ќор-сокак за пристапување на земјата во ЕУ и да се инјектира нов импулс во решавањето на прашањето за името.Грчкото Министерство за надворешни работи ме увери дека тие ќе го извршуваат претседателството во однос на Скопје објективно и во име на Европската унија како целина. Јас барам од нив да одат чекор понатаму со согледување на можноста за двете страни да направат вистински и искрени напори за решавање на прашањето за името, и да работат на постигнување решение за разговорите со ЕУ да започнат, наведува Ховит.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа