Трагедија: Се обеси 14-годишно момче
Четиринаесетгодишен ученик од Бијелина минатата ноќ се решил да си го одземе животот со бесење. Се работи момчето М.Ј. кое решило да си го одземе животот поради засега непознати причини.
Како што пренесува БН телевизија, соучениците и другарите на момченцето се во шок и не знаат која би можела да биде причината поради која тој решил да посегне по својот живот. Според нивните зборови, тој бил омилен меѓу нив и немал никакви проблеми.
Полицијата го истражува случајот.
21.01.2014 - 10:16
Фото:
Телма
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа