Маскирани и расположени луѓе го преплавија Ратево - како помина карневалот „Бамбурци“

 

Малешевското село Ратево преплавено со маскирани посетители. На карневалот „Бамбурци“ кој започна вчера наутро и траеше до дозните вечерни часови, се појавија над 500 групни и поединечни маски  од  Македонија, Србија и Бугарија, кои продефилираа пред илјадната публика и специјалната жири комисија. Организацискиот одбор обезбеди награден фонд од 100.000 денари за најдобрите маски во неколкуте натпреварувачки категории.

Специјални награди од 500 награди добија гостинските групи од Лесковац, Република Србија и од Симитли, Република Бугарија.

- Локалниот  селски обичај,  што традиционално се одржува на верскиот празник Св.Јован во Ратево, со несебичната помош на повеќе компании во Општината Берово и ентузијазмот на раководството на   месната заедница карневалот „Ратевски Бамбурци“ прераснува во фолклорна атракција, што ја збогатува и туристичката понуда на Малешевијата, истакна градоначалникот Драги Наџински.

За сите гости и учесници на славјето во Ратево беше организирана празнична трпеза со традиционални јадења и пијалоци.

Во музичко-забавниот дел од програмата, што му беше поверен на Културно-уметничкото друштво „Димитар Поп Георгиев - Беровски“ настапија повеќе инструменталисти,состави и групи од Македонија и од соседните земји.

- Благодарност до учесниците, до жири-комисијата, до градоначалникот и локалната самоуправа, до спонзорите и помагателите и до сите што допринесоа и годинава да имаме една прекрасна манифестација во нашето село, изјави Атанас Балмарски, претседател на организациониот одбор на карневалот „Бамбурци“.

21.01.2014 - 08:49
Фото: 
novini.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега