Седници на четири собраниски комисии

 

Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за транспорт, врски и екологија, Комисијата за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија. 

Амбасадорот на Република Грција во Република Македонија, Харис Лалакос пред Комисијата за европски прашања ќе ги изложи приоритетите и програмата за работата на грчкото претседателство со Европската унија во периодот јануари-јуни 2014 година.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправа за Предлог-законот за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија (второ читање). Предлогот на дневниот ред на оваа Комисија се дополнува со уште две точки - Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, двата по скратена постапка.

Членовите на Комисијата за труд и социјална политикаќе расправаат за Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за семејството и Законот за мирно решавање на работните спорови, двата во второ читање.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог-законот за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија во второ читање. Предлогот на дневниот ред на ова седница на Комисија е дополнет со Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за семејството, Законот за мирно решавање на работните спорови, двата во второ читање и по измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Законот за медиуми, кои треба да се донесат по скратена постапка. 

21.01.2014 - 08:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега