Вучиќ: До 2018 година Србија мора да ги заврши преговорите со ЕУ
Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ изјави дека утре е почетокот на преговорите за членство во ЕУ, и е голем ден за Србија.Тој напомена дека целта на државата е својата работа да ја заврши до 2018 година, за во 2020 година да може Србија да стане полноправна членка на ЕУ.
Вучиќ на прес конференција изјави дека денеска ќе има седница на српската влада на која ќе се усогласат деталите за да може утре Србија едногласно да дејствува пред европските партнери. Тој изјави дека тоа особено се однесува за поглавјето 35, посветено на Косово.
Меѓу разгледаните прашања е и изјаснувањето на граѓаните на референдум за приклучување во ЕУ, што може да се спроведе во 2019 година, изјави српскиот вицепремиер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа