Апсење на нарко-дилери Белград и на Нови Сад
Полицијата во Србија попладнево спроведува акција за апсење на нарко-дилери на подрачјата на Белград и на Нови Сад, при што досега е извршен претрес на неколку објекти и се приведени повеќе лица.
Според полициски извори, станува збор за операција за апсење на „крупни“ нарко-дилери во двата града.
Акцијата е се уште во тек, а повеќе детали за неа се очекуваат подоцна.
20.01.2014 - 16:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа