ВИДЕО: Заев не ги почитува одлуките на Министерството за транспорт и врски

Зоран Заев дозволил во Струмица да се изгради бензиска пумпа, иако Министерството за транспорт и врски ја прогласила одлуката за нејзино градење за ништовна.

Ова беше истакнато на денешната седница на македонското СОбрание, на која пратеникот Васил Пишев зборуваше за урбанистичките состојби во општина Струмица. Според Пишев, локалната самоуправа на чело на Зоран Заев не ги почитува законите и одлуките на повисоките државни органи.

-Во Струмица од неодамна се отвори една бензиска пумпа, без одобрение, без ГУП и ДУП. Господинот Заев дава одобрение за градба, на 24.август 2013 година, за 4 дена станува правосилна. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески го поништува ова одобрение за градба за ништовно. Денес сеуште работи бензиската пумпа во Струмица. Знаеме дека Струмица се претвори во кнежество на Заеви и си прават што сакаат, рече Пишев.

Пратеникот Пишев потсети и на скандалозната градба на трговскиот центар Глобал, за која Заев и уште петмина негови соработници заработија кривични пријави. Потоа, Заев за ова дело беше амнестиран од Бранко Црвенковски. Пишев му се обрати и на својот колега Панче Орцев кој е поранешен директор на ЈПКД Комуналец и побара од него да објасни како е возможно во Струмица да се гради трговски центар со јавно приватно партнерство, а притоа на приватниот инвеститор Де Лукс инжинеринг да му бидат доделени 35.000 м2, а на општинското претпријатие да му преостанат 10.000 м2.

Пратеникот истакна дека не станува збор само за несразмерен однос на квадратурата, туку и земјиштето на кое лежи трговскиот центар било спорно земјиште кое требало да биде вратено со денационализација.

20.01.2014 - 15:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега