Малолетник силувал 12-годишно девојче - тинејџерката е бремена

 

Седумнаесетгодишно момче од Србија ќе си заработи кривична бидејќи силувало 12-годишно девојче. За настанот да биде уште потрагичен, девојчето останало бремено од тинејџерот.

Се работи за 17-годишниот К.Е. кој бил во врска со девојката од месец јуни. Според она што го изјавила малолетничката, таа избегала од дома и отишла кај него, а според лекарските наоди се гледа дека таа е во третиот месец на бременоста.

Сепак, според српското законодавство, доколку личност до 14 години, стапи во сексуален однос со постара личност макар и доброволно, ќе сноси кривична одговорност.

 

20.01.2014 - 14:32
Фото: 
денешен.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега