Уште 500 доктори ќе заминат на обука во странство
Оваа година уште 500 медицински лица ќе имаат можност да се обучуваат во најреномирани светски здравствени центри. Од 2015 година оваа годишна бројка ќе биде зголемена и законски задолжителна за министерот за здравство, кому ќе му следуваат парични казни ако не ја оствари, најави денеска премиерот Никола Груевски во своето обраќање пред синдикатите во Домот на АРМ.
- Трошоците за обуки на докторите на медицина, специјалистите и субспецијалистите ги покриваат Министерството за здравство, односно јавните здравствени установи во кои се вработени, а престојот и успешното завршување на обуката спаѓаат во работните обврски на докторите на медицина, специјалистите и субспецијалистите и нивното неизвршување претставува дисциплински престап, рече Груевски.
По враќањето од обука, секој лекар во период кој е трипати подолг од времето кое го поминал на обука во странство има 10 осто повисока плата, а додека е на обука ја прима редовната плата без намалувања, плус прима одредени средства за животни трошоци при престојот на обуката, појасни денеска премиерот.
Груевски додаде дека и минатата година 500 медицински лица биле испратени на обука во странство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа